ОО СДСМ - КОЧАНИ ОБВИНУВА ЗА НЕПОТИЗАМ
2012-02-01
Прес конференција, СДСМ
Центар за комуникации на ОО на СДСМ Кочани
Кочани, 01 февруари 2012 година
Руди Горгиев, член на ИО на ОО на СДСМ Кочани
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ на последните локални и парламентарни избори вети благосостојба во државата. Вети економски развој, сигурност, вработувања, патишта, капитални инвестиции и што ли уште не.
Наместо економски развој и сигурност добивме беда, сиромаштија, економска несигурност. Дури и добро стоечките фирми едвај ги покриваат трошоците на работењето. Наместо патишта добивме споменици. Во Кочани ни тоа не го добивме. Дури и фонтаната која што ја имавме се претвори во ....– не знаеме точно во што се претвори.
Вработувања – па и од тоа не видовме кој знае колку.
ДПМНЕ не само што не се грижи за сопствениот народ, туку го занемарува и деградира и своето сопствено членство. Доказ за тоа се овие одлуки од кои се гледа дека во Општината на работните места “помошник раководител на сектор за финансиски прашања” и “едношалтерско работење” како “помошник раководител” и “самостоен референт” не е примен кој било заслужен член на ДПМНЕ, туку ни повеќе ни помалку снаата на градоначалникот и сопругата на државниот секретар за економија.
Би ило смешно на ова место да поставиме прашање за непотизам. Сепак би било интересно да слушнеме од ДПМНЕ и од градоначалникот дали за вработување покрај партиска книшка на ДПМНЕ е неопходно и да си член на фамилијата.
Жално е што на ова место секое друго прашање е излишно.
Господа од ДПМНЕ народот не ве избра за да живее во беда, а вие на грбот на народот да си ја јакнете домашната каса.
Благодарам











