Реклами












ПИСМО ДО СРЕДСТВАТА ЗА ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ

2012-01-27

Има ли спорт во Кочани воопшто, или и тоа малку што го има не се негува и вреднува доволно? Манифестацијата избора на спортист на годината што секоја година се одржува во јануари е најдобриот индикатор, за она што на спортски план се случувало во текот на минатата година. Останаа малку клубови, спортски колективи и поединци кои со право можат да конкурираат за високото спортско признание, а многу малку се валидни и оние што ги ставаат на вага спортските постигнувања и резултати.
Критериумите не се доволно разработени и јасни, а уште помалку правилата за пријавување и учество на манифестацијата.
Се прашувам кој се може да влезе во изборот за најдобар спортист, на Кочани за минатата 2011 година? Од друга страна кој пак воопшто има право да се најде на изборната листа. Спортистите кои тренираат во нашиот град, а некои од нив и се натпреваруваат, обично се млади луѓе, кои сеуште не наполниле полнолетност. Тоа е најчувствителниот период од животот на човекот (пубертет), кога организмот е во физички но и психички развој. Токму за тоа треба да се биде внимателен со оваа категорија спортисти. Ако некој напорно работи, тренира и постигнува резултати на спортски план, за Кочани и за Република Македонија по автоматизам, треба барем името да му се спомене на една ваква манифестација од спортски карактер.

Мојата внука Верица Горгиева, родена во Кочани, во 2011 година успешно ги бранеше боите на ЖФК Кочани и на женската Фудбалска Репрезентација на Р. Македонија. Беше прогласена за најдобар стрелец во одделни категории. Доби повеќе различни признанија за успехот што го постигна, а најголемото признание дојде од еден од водечките женски клубови во земјата „Единство“ од Скопје, кога ја побараа да биде член на нивната прва екипа.

Има само 17 години. Поради обврските со спортот беше приморана да ја промени средината и училиштето. Да биде одвоена од родителите и најблиските. Спортот стана приоритет број 1 во нејзиниот живот. Се и е подредено на спортот, односно фудбалот. И замислете со уредна пријава по изборот на спортист на годината за Кочани 2011-та година воопшто не беше ни спомената од надлежната комисија задолжена за спроведување на оваа традиционална манифестација .

Останавме затечени со отворена уста. До ден денешен не разбравме која е причината, за еден млад успешен спортист од Кочани, воопшто и да не стане збор на една ваква важна спортска манифестација во градот на оризот.

Славчо Абазов
Дедо на Верица Горгиева.