РАСЧИСТЕН ПАТОТ ДО ПОНИКВА
2012-01-22
Новите врнежи од снег што паднаа во Петокот според Саботата беа причината првиот ден од овој викенд полицијата да стави забрана за движење на возилата кои од градот се движеа во правец на „Пониква“.
Сепак вработените од „Македонија Пат“ со две возила и со голема ангажираност успеаја да го расчистат навеаниот снег на коловозот и да го оспособат патниот правец до „Пониква“.
Информациите добиени од надлежните служби зборуваат дека преку180 возила успеале во Неделата да стигнат на „Пониква“ и посетителите да уживаат во зимските убавини на Осоговските Планини.
С. Ивановски











