СПОРТСКАТА СТИПЕНДИЈА ЗА АНА ВЕСЕЛИНОВА
2012-01-23
Комисијата за доделување на спортска стипендија при Општината Кочани, откако ги разгледа апликациите на оние што конкурираа, одлучи годинава спортската стипендија да и ја додели на Ана Веселинова.
Ана Веселинова е член на Женскиот Фудбалски Клуб „Кочани“ и член на Фудбалската Репрезентација на Македонија У-17.
Стипендијата која изнесува 3.000,00 денари месечно, Веселинова ќе ја добива во наредните шест месеци.
С. Ивановски











