Реклами












СРЕБРО ЗА МАРТИН СТОЈМЕНОВ ВО ХРВАТСКА

2012-01-22

Мартин Стојменов како член на Карате Репрезентацијата на Македонија учествуваше на големиот Меѓународен Карате турнир „Карате Гран При Кроација 2012“.

На „малото“ Европско Првенство како што многумина го нарекуваат овој турнир а кој се одржа по XXI пат, Мартин настапи во категоријата до 63 килограми, „борби“ и со четири победи и еден пораз на крајот го освои одличното второ место и се закити со сребрениот медал.

На првенството учествуваа околу 1.100 каратисти од триесетина држави и претставуваше добра увертира пред претстојното Европско Првенство кое од 9-12 Февруари ќе се одржи во Баку (Азербејџан) а на кое Кочани ќе има двајца претставници Мартин Стојменов и Адил Мехмед.

С. Ивановски