Реклами












ВОЗИЛАТА НА КЈП „ВОДОВОД“ СО GPS УРЕДИ

2012-01-24

За подобра контрола врз возилата за комунален отпад и подобро економското работење, во КЈП „Водовод“ одлучија да се во нив вгради уред за GPS следење.

Целта на вградувањето на овој уред е да се има контрола во секој момент каде се наоѓаат возилата за комунален отпад.

Досега се вградени GPS уреди во само две возила, во „ФАП“ подигач со носивост на 5м³ ѓубре и „ИВЕКО“ возило за сервисирање на 1,1 м³ ѓубре. Во наредниот период ќе бидат такви уреди вградени и во уште 10 возила.

Освен вградувањето на GPS уредите, ќе бидат вградувани и специјални сонди со помош на кои ќе се мери потрошеното гориво и неговата количина во резервоарот.

С. Ивановски