Реклами














ЗА ДЕЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД ДИЈАБЕТИСТ 30 БЕСПЛАТНИ АПАРАТЧИЊА

2012-02-01

Со донација што ја обезбеди „Здружението на граѓани со дијабетис“ преку Републичкиот сојуз за дијабетичари, децата од Кочани заболени од дијабетист добија 30 апаратчиња за мерење на шеќерот. Со помошта на овие апартчиња од моделот „Аку чек“ ќе им се помогнемногу на децата кои имаат зголемено ниво на шеќер во крвта редовно да ја следат состојбата.

Апаратчињата кои се погодни за мерење на дијабетисот од тип 1 од кој најчесто заболуваат децата и младите до 35 годишна возраст ги донесе доктор Аврам Ванковски кој при тоа спроведе и кратка обука за начинот на нивното користење.

Неодамна Министерството за здравство на Република Македонија донесе одлука со која секое дете корисник на овие апаратчиња да добие и по 250 ленти за два месеци со чија помош ќе може апаратчињата да го покажуваат нивото на шеќер во крвта а мерењето ќе може да се врши по четири пати дневно.

Во иднина сите корисници на ваквиот вид на апаратчиња со пријавувањето кај својот матичен лекар ќе можат на рецепт да го добиваат потребниот број на ленти за мерење на нивото на шеќерот.

С. Ивановски