Реклами












ЗАПОЧНУВА ФУДБАЛСКАТА СЕЗОНА

2012-01-24

Во рамките на подготовките за пролетниот дел од првенството во Втората Македонска Фудбалска Лига кочанскиот второлигаш „Осогово“ утре (Среда) со почеток во 14,00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе го одигра првиот од неколкуте планирани подготвителни натпревари.

Противник на „жолто-сините“ ќе им биде екипата на прилепскиот прволигаш „11 Октомври“.

По десет дневните суви подготовки на кои се работеше на физичката подготвеност играчите на Осогово со одигрувањето на натпреварот преминуваат на втората фаза од подготовките, а тоа е работата со топка и одигрување на серија контролни натпревари.

Токму контролните натпревари ќе бидат убава можност кочанчани да ги видат на дело и евентуалните неколкумина планирани засилувања кои ќе треба да им помогнат на „жетварите“ во зачувувањето на второлигашкиот статус.

С. Ивановски