All Posts By Славчо Ивановски

ПРВ ИЗБОРЕН КРУГ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024

Денес Македонија гласаше. Се одржа Првиот изборен круг за Претседателски избори 2024. Според последните резултати објавени на страната на ОИК (Општинска Изборна Комисија) во Општина Кочани од запишаните 32.481 жител со право на глас, на изборните места излегле 15.368 или 47,31%.. Во трката за Претседател се гласаше за седум кандидати кои според извлечениот реден број…

КЈП „ВОДОВОД“ – ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТ ПОЖАР НА ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

Ја известуваме јавноста дека околу 17:30 часот денес (среда) е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е поголема количина на автомобилски гуми на горната површина од депонијата. Просторот кој беше зафатен од пожарот е исполнет со секаков вид гуми за возила и се наоѓа на самиот влез од депонијата. По добиената дојава за пожар,…

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ОД ЖЕНИ УМЕТНИЦИ

В петок, 26 април 2024 г., во 19 ч., во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе биде отворена изложбата под наслов „Инфинити“, што ја организираат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“. Во Салонот фоаје на Центарот за култура ќе бидат претставени триесетина ликовни дела на шеснаесет жени уметници од Кочани, Виница и Зрновци….

ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ ВО КОЧАНИ

Полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија шест кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ во обид и една „тешка кражба“, извршени ноќта на 21/22.04.2024 во Кочани. Кривичните дела „тешка кражба“ во обид биле извршени во барака на ул.„Раде Кратовче’’, сопственост на општина Кочани, во…

ПРОГЛАСЕНИ НАЈДОБРИТЕ ЧИТАТЕЛИ ЗА 2023 ГОДИНА ВО ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ВО КОЧАНИ

Денес, во ЈОУ Библиотека,,Искра” во Кочани, во пресрет на 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право, традиционално беше реализиран настан посветен на чествувањето на книгата, авторите, читателите и издавачите. Традиционално, на наше големо задоволство, според однапред определени критериуми, беа прогласени најдобрите читатели за 2023 година. Во категоријата деца за најдобар читател е прогласена…

ВО ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОБЛЕШЕВО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

Денешниот ден 22 Април –Ден на планетата Земја ,нашето училиште ООУ „Климент Охридски“ –Облешево го искористи за активности поврзани со екологијата и зачувување на животната средина. Група екологисти и професори од тимот на господинот Томе Стојанов познат како Томе –Гинко, кој како ентузијаст и одгледувач на познатото Гинко дрво, заедно со директорот на ООУ „Климент…

БОЈМАЦАЛИЕВ: ОДДЕЛЕНИЈАТА ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ВО КОЧАНИ И БЕРОВО ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ИЗБОРЕН ПРОЦЕС

Денеска (22.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски остварија работна посета на подрачјето на СВР Штип, каде што имаа средба со раководството на Одделението за внатрешни работи Кочани, а ќе го посетат и Одделението за внатрешни работи Берово,…

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА МИЛЕ ЛЕФКОВ: СИНОЌА Е РАЗБИЕНА МОЈАТА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ

Актуелниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ Миле лефков одржа прес конференција на која го истакна вандалскиот однос при разбивањето на неговата канцеларија за средба со граѓаните. Во прес конференцијата Миле Лефков изјави; С.  Ивановски КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ

ЕКОЛОГИЈА ПО ПОВОД 22 АПРИЛ – ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

По повод Светскиот ден на планетата Земја, во саботата, Општина Кочани, Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ и КЈП „Водовод“ организираа еколошка акција на потегот од месноста Бавчалук кон езерото Гратче. Во акцијата иницирана од КПС „Осоговски орел“ учествуваа ученици од основни училишта, кои со другите учесници ја расчистија пешачката патека и го собраа оставениот…

В НЕДЕЛА, 28 АПРИЛ ЌЕ СЕ ОДРЖИ МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО

Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 28 април 2024 година, по третпат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“, во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации. Сите заинтересирани љубители на шахот коишто сакат да учествуваат на турнирот можат да се…