ЗАБАВАТА НАРЕЧЕНА ЛУДИЛО ПРОДОЛЖУВА

мај 1, 2022
0 минути

Нема ден а да не добиеме некоја фотографија од оние на кои се им смета во градот, па се однесуваат како да е сето тоа нивна своина.

Кантата за отпадоци веќе месец дена стои во коритото на Кочанска река во непосредна близина на новото шеталиште кон „Бавчалук“. За неа пишувавме од поодамна ама нема кој уште да ја извади од водата и да ја постави на старото место.

Другата лудорија е во непосредна близина на мостот кај џамијата. На некој лудак му сметала железната конструкција која ги штити од таквите неранимајковци младите посадени дрвца. Но тактиката на овие одамна е позната се вадат од лежиштето, се фрлаат во реката, потоа се собираат и се продаваат како старо железо.

Уште еден апел до надлежните во општината, да почнат да си ја вршат сите работата за која земаат плата и ваквите сторители навреме да ги откриваат и да ги изнесат пред лицето на правдата.

С. Ивановски