ОБЈАВЕН ОГЛАС НА КЈП „ВОДОВОД“ ОД КОЧАНИ

Во согласност со одлуката бр.02-304 од 10.05.2013 година, од Управниот одбор, КЈП „Водовод“ Кочани ОБЈАВУВА ПО ВТОР ПАТ ОГЛАС За издавање под закуп за период од три години на градскиот базен и летната дискотека „АКВА“ кај градскиот базен. Јавното наддавање ќе се одржи на 27.05.2013 година, во Упрвата на КЈП „Водовод“ – Кочани, во 12,00 часот. Почетната цена за јавното наддавање за двата објекта изнесува 700.000,00 денари.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни и физички лица кои што имаат лиценца за организирање на дискотеки. Учесниците кои ќе се пријават за учество на јавното наддавање, имаат обврска да уплатат 10% од почетната цена, најкасно до 11,00 часот, на 27.05.2013 година. Учесниците на јавното наддавање пред почетокот на наддавањето потребно е да дадат на увид лиценцата, личната карта (за физички лица), за правните лица решението за регистрирана дејност, тековната состојба и доказ за уплатени 10% од почетната цена. Уплата може да се изврши на благајната во КЈП „Водовод“ – Кочани, или на жиро сметка 300050000008715 при Комерцијална банка Кочани.

Најповолниот понудувач со највисока излицитирана цена ги добива објектите под закуп за период од три години. Понудувачот е должен излицитираната цена плус ДДВ да ја уплати во рок од 2 (два) дена по завршувањето на јавното наддавање, во спротивно го губи правото како највисок понудувач а уплатениот депозит нема да му биде вратен. За втората и третата година, закупецот ќе има обврска да ја уплатува излицитираната цена пред почетокот на сезоната, најкасно до 15.05.2014/2015 година. Правата и обврските помеѓу закуподавачот и закупецот ќе бидат регулирани со посебен договор. За подетални информации, контакт тел. 033/ 279-116 Од комисијата за јавно наддавање.


































ФИНИШИРА ИЗБОРОТ НА ГРБ, ЗНАМЕ И ХИМНА

2009-07-19

Во петокот во салата за состаноци на локалната самоуправа – Кочани, Градоначалнкот Ратко Димитровски на присутните новинари им ги претстави трите номинации за избор на грб и знаме на општина Кочани.

По објавениот оглас за предлог идејно решение за избор на грб, знаме и химна на Кочани, до Комисијата во состав Петар Апостолов – Претседател, Киро Герасимов – член и Јованка Милоевиќ – член пристигнаа седум предлози за знаме на општина Кочани и исто толку седум предлози за грб на општина Кочани, за песна на градот Кочани пристигна само еден труд.

Комисијата ги разгледа пристигнатите трудови и на Градоначалникот на општина Кочани му предложи три труда за знаме и три труда за грб на општина Кочани. За песна на град Кочани, Комисијата не утврди предлог па предлага Конкурсот да се повтори.

Според понатамошната пракса трите решенија за грб и трите решенија за знаме ќе бидат ставени на дневен ред на една од наредните седници на Советот на општина Кочани, по кои ќе треба советниците да се изјаснат.

С. Ивановски