ОБЈАВЕН ОГЛАС НА КЈП „ВОДОВОД“ ОД КОЧАНИ

Во согласност со одлуката бр.02-304 од 10.05.2013 година, од Управниот одбор, КЈП „Водовод“ Кочани ОБЈАВУВА ПО ВТОР ПАТ ОГЛАС За издавање под закуп за период од три години на градскиот базен и летната дискотека „АКВА“ кај градскиот базен. Јавното наддавање ќе се одржи на 27.05.2013 година, во Упрвата на КЈП „Водовод“ – Кочани, во 12,00 часот. Почетната цена за јавното наддавање за двата објекта изнесува 700.000,00 денари.

Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни и физички лица кои што имаат лиценца за организирање на дискотеки. Учесниците кои ќе се пријават за учество на јавното наддавање, имаат обврска да уплатат 10% од почетната цена, најкасно до 11,00 часот, на 27.05.2013 година. Учесниците на јавното наддавање пред почетокот на наддавањето потребно е да дадат на увид лиценцата, личната карта (за физички лица), за правните лица решението за регистрирана дејност, тековната состојба и доказ за уплатени 10% од почетната цена. Уплата може да се изврши на благајната во КЈП „Водовод“ – Кочани, или на жиро сметка 300050000008715 при Комерцијална банка Кочани.

Најповолниот понудувач со највисока излицитирана цена ги добива објектите под закуп за период од три години. Понудувачот е должен излицитираната цена плус ДДВ да ја уплати во рок од 2 (два) дена по завршувањето на јавното наддавање, во спротивно го губи правото како највисок понудувач а уплатениот депозит нема да му биде вратен. За втората и третата година, закупецот ќе има обврска да ја уплатува излицитираната цена пред почетокот на сезоната, најкасно до 15.05.2014/2015 година. Правата и обврските помеѓу закуподавачот и закупецот ќе бидат регулирани со посебен договор. За подетални информации, контакт тел. 033/ 279-116 Од комисијата за јавно наддавање.


































ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

2009-11-05

Во присуство на претставници на УСАИД „Проект за основно образование“, претставници од Локалната Самоуправа, од училиштата во општината, како и други гости, во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ на свечен начин беше промовиран „Проектот за основно образование“ со кој благодарение на донацијата на УСАИД е опремена и модернизирана лабораторијата по Техничко образование.

На свеченоста која по тој повод се одржа во холот на училиштето гостите најпрвин беа поздравени од директорката на училиштето Голубинка Ѓорѓиева. По неа свое обраќање имаше и Градоначалникот на општина Кочани, Ратко Димитровски. За самиот Проект зборуваа оние без кои Проектот немаше да успее, Кит Прентон, Директор на „Проектот за основно образование“ при УСАИД и Директорот на канцеларијата за основно образование при УСАИД, Александар Вудс.

По церемонијата на свечено сечење на лентата, во употреба и официјално беше пуштена опремената и модернизирана лабораторија по Техничко образование, каде учениците имаа успешна презентација на досега сработеното.

С. Ивановски