ЕКСПЛОДИРАЛА ТЕРМОЕЛЕКТРАНА ВО САД
Околу 11,30 часот по локално време во неделата во државата Конектикат (САД) експлодирала термоелектрана во која досега се пронајдени безживотните тела на двајца вработени, а се стравува дека бројката на починати ќе достигне и до 50.
Во термоелектраната што работи на природен гас и нафта со сила од 620 мегавати нешто наопаку тргнало во делот што е во доградба на објектот. Пламените јазици кои излегувале од тој објект според сведоците биле високи како и оџаците. Експлозијата се слушнала дури на 25 км а во тој момент во зградата имало околу 300 од вработените.
Полициски екипи ја испитуваат причината за несреќата, додека противпожарните служби го локализираат пожарот.
Постави Коментар













