БРЕД СЕ ДРОГИРА, АНЏЕЛИНА ХИСТЕРИЗИРА
Караниците помеѓу актерскиот пар од “големиот екран“ по се изгледа дека нема никогаш да престанат. Нивни блиски за нивната врска велат дека е чудна но и дека постои само поради децата бидејќи и двајцата сакаат да ги добијат доколку се разведат.
Секоја вечер е иста за Бред Пит и Анџелина Џоли, велат упатените. Навидум мирно секој во својата соба со своја забава. Бред пуши марихуана и ужива во реге музиката, а додека Анџелина чита некои книги и молчи. Во еден момент сета таа тишина станува неподнослива врева полна со пцости од двете страни и вулгарни зборови на навреда. Таа го окривува дека ја изневерува со некоја афроамериканска манекенка а тој дека го изневерува со актерка.
И така секојдневно во круг кога се овие двајцата во прашање, до кога никој не знае, но едно е сигурно дека Бред во последно време често го гледаат во друштво на актерката Дру Баримор (34).
Постави Коментар













