ГО ЗАТРУПАЛА ЛАВИНА И ОСТАНАЛ ЖИВ
Спасувачките служби успеале да го извлечат од под снегот дваесет и едногодишниот млад скијач откако го затрупала лавина во Швајцарскиот кантон Еволен.
Иако бил затрупан 17 часови со снег од пола метар сепак бил спасен благодарение на воздушниот џеб што се создал по лавината помеѓу два слоја на снег.
Скијачот не ги почитувал упатствата и се спуштил по забранетата патека. Неговите пријатели го пријавиле исчезнувањето. Кучињата трагачи го намирисале но поради мракот спасувањето било одложено за утринските часови, кога спасувачките служби успеале да го извлечат и да го спасат момчето.
Постави Коментар













