ПРВАТА ЅВЕЗДА ЗА МАРЛЕН ДИТРИХ
Иако официјалното отворање на „Улицата на славните“ во Берлин е закажано за крајот на летната сезона сепак уште во четврток кога е отворањето на Берлинскиот филмски фестивал, ќе биде доделена првата ѕвезда. Честа да ја добие ѕвездата ќе и припадне на Марлен Дитрих позната актерка и пејачка, родена во Берлин а инаку натурализирана американка. Така одлучило петочленото жири.
Инаку „Улицата на славните“ ќе биде на Потздамер улица, каде што се сместени Музејот на филмот и телевизијата. Во прво време е планирано своја ѕвезда да добијат 40 познати личности од филмот и телевизијата.
Се споменуваат имињата на: продуцентот Роланд Емерих, режисерите, Фриц Ланг, Фатих Акин, Михаел Хенке, Вим Вендерс, актерите Клаус Кински, Арнолд Шфарценегер, актерките Роми Шнајдер, Хана Шигула и многу други.
Постави Коментар













