ПРВО РЕМИ ВО ПОДГОТОВКИТЕ
„Осогово“ продолжува со одигрувањето на подготвителни натпревари пред почетокот на пролетната сезона што е закажана за 28 Февруари. Во неделата за прв пат во овој подготвителен период одиграа натпревар на страна, му гостуваа на „Астибо“ во Штип. Иако „жетварите“ во првото полувреме го откриле резултатот со маестралниот гол на Иван Митров, сепак во второто полувреме дозволиле на упорните домаќини да го изедначат резултатот.
„Одигравме еден добар натпревар но само во второто полувреме. Иако првиот дел го решивме о наша полза не сум задоволен ниту од играта ниту од залагањето на поединци. Во второто полувреме направивме неколку замени што се покажа во играта. Одигравме навистина добро но токму во таква игра дозволивме на домаќините да изедначат. Во игра беа сите 21 играч на кои сметаме за пролетните натпревари. Сега после овој натпревар имаме појасна слика за тимот што ќе започне од првото пролетно коло“ рапортираше Крсте Крстев, тим менаџерот на „Осогово“
С. Ивановски
- до - goce
- goce
Постави Коментар













