ЌЕ СЕ ОДРЖИ ДОНАТОРСКА СРЕДБА
Денес (петок) со почеток во 11,00 часот во просториите (Сала за состаноци на Градоначалникот) при Локалната Самоуправа – Кочани, ќе се одржи средба за изнаоѓање на потенцијални донатори од бизнис секторот во Општината Кочани.
Целта на оваа „Донаторска средба“ ќе биде да се обезбедат финансиски средства од страна на евентуалните донатори од бизнис секторот во општина Кочани, со чии донации би се реализирала Хуманитарната акција за набавка на патничко возило (комбе) за потребите на Службата за хемодијализа на Јавната Здравствена Установа, Општа Болница – Кочани.
С. Ивановски
Само уште Вашиот медиум не ги има спомнато имињата на донаторите кои учествуваа во набавката на половното возило.Многу стари кочанци имат слушнато и знаат за семејството на Павле и Јордан Крушарски.Тие како поимотни граѓани во Кочани секогаш на посиромашните семејства (за Божик и Велигден)имат донирано по 30 до 4о пара кондури,панталони,фустани и слична гардероба.Но разликата е во тоа што никогаш несакале да се знае на кого што му поклониле у колку,и никоигаш не сакале да се спомнува нивното име.Само Господ знаел.А ова саморекламирање не е својствено за нашиот православен народ.
- постар кочанец
- постар кочанец
Постави Коментар













