ОСУМ ГОЛЧИЊА ЗА ПРВОТО ФИНАЛЕ

2014-05-03

По денешната победа во Велес над домаќинот „Борец“, девојчињата на ЖФК „Кочани“ го обезбедија своето прво финале во Фудбалскиот Куп на Република Македонија.

Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски со головите на Салихи (4), Спировска (2), Кокаловска и Миленковска по 1, го совладаа „Борец“ со резултат 8:0 (2:0) и на 25-ти Мај ќе го играат финалето од Купот на Македонија.

Противник на кочанчанки ќе им биде екипата на „Конзули“ од Битола која без борба влезе во финалето, откако нејзиниот противник „Победа“ од Прилеп го откажа натпреварувањето во првенството и Купот на Македонија.

Несомнено е дека влезот во финалето од Купот на Македонија е голем успех за клуб со 8 години постоење и голема шанса истиот да го освои.

Екипата на ЖФК „Кочани“ освен влезот во финалето е на прагот да го освои и првенството на Македонија и со две освоени титули да се стави во редот на еден од поуспешните клубови во „градот на оризот“.

С. Ивановски

  • Се издава дуќан со површина од 19м2 на улица „Димитар Влахов“ број 32 - Кочани. Контакт: 077-558-257

  • ОВА Е МЕСТО ЗА ВАШИОТ ОГЛАС КОНТАКТ: 077-69-66-00

ТЕКСТУАЛНИ ОГЛАСИ