Komarec RSS
А  ИЗВЕШТАЈ  ЗА  СПОРТСКАТА  САЛА,  НЕМА  ПА  НЕМА 
       <description><![CDATA[Иако минатата година на големо се најавуваше дека со раскинување на Договорот со Сојузот на спортови – Кочани, и преотстапувањето на Спортската сала на ООУ „Свети Кирил и Методиј“ работите за стопанисување ќе тргнат на подобро засега од таквата најава по се изгледа дека нема да има ништо.
За потсетување, Локалната Самоуправа на Општина Кочани и Сојузот на спортови – Кочани имаа склучено Договор  за стопанисување со Спортската сала. Локалната Самоуправа исто така и со сите корисници на истата имаше склучено Договори за измирување на обврските. Иако ценовникот за користење  на салата беше направен по желба на корисниците на салата, иако Локалната  Самоуправа редовно (секој месец) добиваше Прегледи за искористеноста на салата од корисници, советниците од новата постава на позицијата од петни жили се залагаа Договорот со Сојузот  на спортови – Кочани да биде раскинат.
Она што го наумија, тоа и го направија. Иако партијата на власт и во претходниот Совет имаше мнозинство кое беше изгласало Сојузот на спортови – Кочани да стопанисува со Спортската сала, оваа постава сето тоа преку ноќ го избриша. Ако преку ноќ ја избришаа претходната одлука, преку ден заборавија од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ да побараат Извештај за сработеното (стопанисувањето) во 2011 година.
Советникот Гоше Алексов од опозицијата  на последната 50-та Седница побара објаснување  и во дискусијата и како советничко прашање зошто таков Извештај се нема поднесено иако тоа е обврска на новиот газда на Спортската сала, но како и многу други прашања  и ова се распрши како меур од сапуница.
Од што се плашат советниците од позицијата? Дали од лошото работење на новиот газда на салата во 2011 година или од чудните вработувања, не ни е познато, но факт е дека час побргу донесоа Одлука за зголемување на цените за користење на термини во Спортската сала.
До каде ќе одведе сето ова ќе треба  советниците од позицијата да кажат, а не во стилот гледаат а ништо  не видат, слушаат а ништо на чујат  да гледаат само да завршат седниците  и да си заминат.
С. Ивановски 
КАКО СЕ  ПРАВАТ  ЛИСТИТЕ  ЗА  БЕСПЛАТНИТЕ  КУРСЕВИ?
       <description><![CDATA[Бесплатните курсеви  по англиски јазик и информатика  како и за германскиот јазик кој  годинава за прв пат влезе во програмата за бесплатни курсеви кои што  ги организира Општината Кочани внесоа малку немир меѓу одредени жители на Општината  Кочани.
Имено многумина  од граганите кои што сакале да се запишат на курсевите тоа не можеле да го направат бидејки на листаите веќе имало доволен број на кандидати.
Тие апелираат до надлежните да проверат кој се се има  запишано бидејки како што тврдат тие тоа се пред се ситуирани луѓе кои имаат постојано вработување  и кои можат од семејниот буџет  да издвојат сума за да посетуваат настава  во приватните школи, а не да го заземаат местото на оние кои имаат желба  да се едуцираат на вакви курсевите, а кои за приватни школи не се во можност  да изнајдат средства.
И навистина, ако  е така како што тврдат многумина, нешто при следните  уписи ќе мора од корен да се менува. 
С. Ивановски 
ПРЕЗЕНТАЦИЈА  ЗА  ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ ЖИВОТНАТА  СРЕДИНА  НА МАГИСТРАЛНИОТ  ПАТ М – 5 
       <description><![CDATA[Во салата на Советот на Општина Кочани, беше извршена презентација на Студијата за оцената на влијанието врз животната средина и инвестициско-техничката документација  за автопатско решение на магистралниот пат М – 5, делница: граница со Р. Бугарија – Делчево – Кочани – Штип – Велес.  
Овој патен правец е многу значаен за поврзување на источниот со западниот дел на Македонија. Основата на овој проект е во рамките на паневропските транспортни коридори во кој клучни фактори се: екстерното поврзување на Македонија со соседните земји, интерното поврзување на Истокот со другите региони, зацврстување на националната економија, подобрување на условите за живеење и можностите за развој на туризмот. 
Проектот  предвидува изградба на современ пат со четири ленти, по две во секоја насока, а студијата се занимава и со ефектите на изградбата врз животната средина.
С.Ивановски
ОСОГОВО – СИЛЕКС  2:3 (1:1)
       <description><![CDATA[Во рамките на подготовките за претстојното пролетно првенство во Втората  Македонска Фудбалска Лига, на стадионот  „Никола Мантов“ се одигра контролен  фудбалски натпревар во кој се сретнаа екипите на „Осогово“  и „Силекс“ од Кратово.
Гостите подобро  се снајдоа и на крајот победија со резултат 3:2 полувреме 1:1.
Иако кочанскиот второлигаш го претрпе првиот пораз  од трите одиграни контролни натпревари, сепак не разочара, напротив се виде дека играта им е во нагорна линија и дека со мали корекции ќе можат  со оптимизам да го дочекаат стартот  на првенството.
С. Ивановски
НЕКОИ  ПРАШАЊА  ГИ  РАЗГОРЕА  СТРАСТИТЕ  КАЈ  СОВЕТНИЦИТЕ
       <description><![CDATA[На 50-тата седница  на Советот на Општина Кочани, неколку  точки го свртеа вниманието и кај  советниците од позицијата и која советниците од опозицијата.
„Дијалогот од говорницата“ помеѓу неколкуте советници од двете  страни придонесоа останатите точки, а  ги имаше 24 на број да бидат на некој  начин во подредена улога.
Покачувањето на цената на геотермалната вода од 25,08 денари на 38,10 денари (52%), утврдувањето на цената на комуналиите за домување од 75 Евра и за деловни простории од 95 Евра само за Централното градско подрачје, (од ГТЦ до Спортската сала) според новиот ДУП, безбедноста на граѓаните на Кочани поради немањето на избран командир на Полициската станица како и не поднесувањето на Извештај за работењето на Спортската сала во 2011 година се точките кои кулминираа во дискусиите на советниците.
Додека опозицијата  гласаше против сите овие точки, мнозинството од позицијата со кревање на рака многу  лесно ги изгласаа иако опозицијата алудираше дека сето тоа најмногу ќе падне на товар на обичните граѓани.
С. Ивановски 
ЗОНАТА  ЗА  ООУ  „КИРИЛ  И  МЕТОДИЈ“
       <description><![CDATA[Учениците од Основното  Општинско училиште „Свети Кирил  и Методиј“ се победници на Зонските натпревари во кошарка кои во организација на Сојузот на училиштен спорт  се одржаа во Кочани.
Во единствениот натпревар што се одржа екипата  од Кочани ги совладаа учениците од Основното Училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Каменица со резултат 33:32 и ќе ја претставуваат зоната на Републичките училишни игри.
Инаку за финалниот  дел од зоната требаше да учествуваат и учениците од Делчево но на еден час пред започнувањето на натпреварите тие го откажаа учеството.
С. Ивановски
„ЕКСТРА  ФУНГИ“  ОСВОЈУВА  НОВИ  ПАЗАРИ
       <description><![CDATA[Компанијата „Екстра  Фунги“ како единствен претставник  од Република Македонија, неодамна учествуваше на големиот Саем за овошје и зеленчук што се одржа во Берлин (Германија).
Сопственикот на компанијата Сашко Антовски кој  досега на европските пазари извезуваше печурки, во разговорите со неговите стари и нови деловни партнери договори извоз и на други производи.
Нај интересна за купувачите од Европа е Македонската диња, но за да се реализира нејзиниот извоз  производот мора да ги исполнува Европските  стандарди, односно нејзината тежина да се движи помеѓу 1 килограм и 1,5 килограм.
На враќањето од Германија Антовски ги посетил и  своите деловни партнери од Холандија  каде исто така договорил извоз на нови производи кои се мошне интересни  за холандскиот пазар.
С. Ивановски  
НОВ  СПОТ  НА  ПЛАМЕНКА  ТРАЈКОВСКА
       <description><![CDATA[Изминатиот викенд една од најголемите виолинистки  во Република Македонија, Пламенка Трајковска го сними најновиот спот за насловната тема од нејзиниот нов  албум под наслов „Апасионато“.
Спотот е снимен на повеќе локации во Скопје како и  во Ресторанот „Ден и Ноќ“.
Во спотот кој  е во реализација на „3Д“ продукција, освен Пламенка Трајковска учествуваат  и нејзините две колешки Милена Тодоровска и Тања Силјановска.
Инаку Пламенка Трајковска и е позната на кочанската јавност  бидејки со групата „STRINGS“ учествуваше на минатогодишната манифестација „Петровденски конаци 2011“.
С. Ивановски
ПОЛИЦИЈАТА  ДАРУВАШЕ  КРВ
       <description><![CDATA[Полициската станица  – Кочани, во соработка со „Црвени  Крст“ на Република Македонија и  „Институтот за трансфузиологија и  медицина“ на Република Македонија ја организираа првата од трите крводарителни  акции кои се предвидени во 2012  година.
Од пријавените 30 кандидати најскапоцената течност  ја даруваа 22, што е бројка која се движи во нормалата.
Следната акција од ваков вид Полициската станица  – Кочани ќе ја организира на 21.Јуни 2012 година.
С. Ивановски
„ОСОГОВО“ – „СИЛЕКС“  ВО  СРЕДА  ВО  КОЧАНИ
       <description><![CDATA[„Осогово“  го закажа третиот контролен натпревар пред почетокот на пролетниот дел на првенството во Втората Македонска Фудбалска Лига.
Натпреварот кој  започнува во 13,00 часот ќе се одигра во Среда на стадионот „Никола Мантов“, во Кочани, а противник на „жетварите“ ќе им биде прволигашот „Силекс“ од Кратово.
На претходните  два контролни натпревари кои  кочанчани ги одиграа против „Баби“ и „Гостивар“ забележаа еден нерешен  резултат и една победа.
Радува податокот  што одбраната ја сочува мрежата во сите 180 минути но ефикасноста уште е рак-рана на второлигашот од Кочани.
С. Ивановски